Search

Мадона прифати да настапи за Израел на „Евросонг“, се договара хонорарот

Израелските медиуми откриja дека преговараат со најголемите имиња на светската музичка сцена за настап на 64-тото издание на „Евровизија“. На сцената, најверојатно, ќе настапи и кралицата на попот, Мадона (60).

„Мадона начелно ја прифати понудата за настап на „Евросонгот“, но сè уште не е договорено колкав ќе биде нејзиниот хонорар“, пишува порталот Ynet.

Израелците, според пишувањето на странските медиуми, подготвуваат вистински спектакл и контактираат со големи имиња како Елтон Џон и „Колдплеј“. Организаторите на „Евросонг“ се познати по тоа што не ги откриваат изненадувањата до самиот почеток на шоуто.

Треба да знаете
Последни објави