Search

Мадона на 62 години позира топлес

Контроверзната поп-пејачка Мадона набргу ќе наполни 62 години, но тоа не ја спречува да објавува фотографии на социјалните мрежи на кои е гола.

Овој пат таа позира пред огледало, и тоа топлес. Брадавиците ги покри со рацете и се потпре на патерицата што ја има со месеци.

„Секој има патерица“, напиша таа во описот на фотографијата, на која носи само во килоти и шапка, а нејзиното селфи им се допадна на повеќе од половина милион луѓе.

И додека повеќето обожаватели ја фалеа поп-кралицата, имаше и такви што сметаа дека таа претерала.

Иако обожавателите се навикнати на ваквите изданија на пејачката, многумина сметаат дека станала вулгарна со оглед на нејзината возраст.

Треба да знаете
Последни објави