Search

Мадона доби понуда да заработи 3 милиони долари за еден и пол час

Кралицата на светската поп-сцена Мадона (61) доби понуда да направи спектакл на свадбата на кинескиот милијардер во Шангај за неверојатна сума.

Милијардерот е толку загреан за пејачката што е подготвен да издвои 3 милиони долари за нејзиниот настап, јавува ТМЗ.

Се очекува таа да се појави на свадбата во вечерните часови и да одржи шоу од еден и пол час.

Едно од барањата на милијардерот е младенците да имаат целосна слобода да го состават репертоарот на хитови што би ги извела Мадона.

Менаџерите на Мадона ја оставија понудата отворена сè додека пејачката не одлучи сама дали ќе ја прифати.

Треба да знаете
Последни објави