Search

Магла на Пресека и Плетвар

Намалена видливост, поради појава на магла, од 50 до 100 метри има на планинските премини Пресека и Плетвар, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Маврово и планинските премини Пресека и Стража.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Треба да знаете
Последни објави