Search

Магла на патот Страцин – Крива Паланка и во Кичево

Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 метри има на патниот правец Страцин – Крива Паланка и до 100 метри во Кичево, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Треба да знаете
Последни објави