Search

Магдебург преку Барселона до трофејот во Супер Глоуб

Германскиот ракометен бундеслигаш Магдебург го освои Супер Глоуб, клупското светско првенство, откако вечерва го победи актуелниот европски првак Барселона (33:28). Каталонскиот гигант ја бранеше достојно фаворитскатската улога во почетните минути од финалната средба на  за вршницата од светското клупско првенство. Последен пат беше во водство од 13-11, по што Магдебург ја презеде контролата нада играта и резултатот. Направи пресврт со серија од 5:0  со предност од три гола 16:13 замина на одморот.

Во продолжение, бундес-лигашот не дозволи пресврт, Барселона се закани во самиот финиш, но единствено што успеа да направи е да сем доближи на два гола негатива, но не и да ја доведе во прашање титулата на бундеслигашот.

Омар Инги Магнусен беше прв стрелец со седум гола, Вебер запиша пет, кај Барса, Дика Мем постигна 10 гола.

Треба да знаете
Последни објави