Search

Маас: Хафтар ќе го почитува примирјето во Либија

Шефот на германската дипломатија Хајко Маас изјави дека командантот на Либиската национална армија Калифа Хафтар е согласен за примирје во таа североафриканска земја.

– Вети дека ќе се придржува до примирјето, без оглед што претходно неделава во Москва не го потпиша договорот за прекин на огнот. Тоа е исклучително важно, рече Маас по средбата со Хафтар во Бенгази.

Хафтар изразил подготвеност да придонесе за успех на конференцијата за Либија во Берлин и подготвен е да учествува на неа.

Треба да знаете
Последни објави