Search

Маас: Турција ризикува заживување на Исламска држава со својата воена операција во Сирија

– Со нападите врз североисточниот дел на Сирија, Турција „смислено ризикува натамошна дестабилизација на регионот” и заживување на Исламска држава, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас, пренесоа француските медиуми.

-Сирија има потреба од стабилност и политички процес. Меѓутоа, турската офанзива сега се заканува да предизвика нова хуманитарна криза, изјави Маас, додавајќи дека Берлин ќе „ја повика Турција да ја прекине својата офанзива” и да ги обезбеди своите интереси во областа на безбедноста на мирен начин.

Треба да знаете
Последни објави