Search

Маас: Русија може да го спаси договорот ако се откаже од крстосувачките ракети

Русија може да го спаси Договорот за отстранување на ракетите со среден и краток дострел ако се откаже од своите крстосувачки ракети, кои се во спротивност со Договорот од 1987 година помеѓу САД и тогашниот СССР, изјави денеска во Москва германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, кој се сретна со својот руски колега, Сергеј Лавров.

Според Маас, договорот треба да биде зачуван, бидејќи е од голема важност за безбедноста на Германија. Германскиот дипломат призна дека документот не е сеопфатен со оглед на новите технологии што се појавија во годините по неговото потпишување. Маас посочи на кибер-оружјето како пример за такви технологии.
Лавров денеска повтори дека Русија никогаш не го нарушила тој договор и сака негово зачувување, но американската страна веќе објави дека ќе го отфрли и дека за таа одлука нема да преговара.
Рускиот министер истакна дека САД не дадоа никакви докази за нарушување од руска страна и дека тестовите на предметната ракета 9M729  се во рамки на договорот.
Треба да знаете
Последни објави