Search

Л.А. Лејкерс  стигнаа до 19. победа сезонава

Л.А. Лејкерс  стигнаа до 19. победа сезонава во кошаркарската НБА-лига на гостувањето кај Јута (96:121) и ја одржуваат доминацијата во Западната конференција. Ентони Дејвис (26 поени), Леброн Џејмс со 20 поени и 10 асистенции, како и Донован Мичел со 29 поени беа оние кои ги предводеа „езерџиите“ во десеттата победа во низа сезонава.

За разлика од нив, трикратниот НБА шампион во последните пет години и минатогодишен финалист, Голден стејт вориорс продолжува со слабите игри оваа сезона. „Воините” ноќеска загубија од Шарлот и го запишаа четвртиот последователен пораз, или вкупно 19. во новата сезона.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта среда кон четврток:

Шарлот – Голден стејт 106:91
Детроит – Милвоки 103:127
Орландо – Феникс 128:114
Атланта – Бруклин 118:130
Бостон – Мајами 112:93
Чикаго – Мемфис 106:99
Оклахома – Индијана 100:107
Далас – Минесота 121:114
Јута – Лос Анџелес лејкерс 96:121
Портланд – Сакраменто 127:116.

Со биланс 19 победи и три порази лидери во двете конференции се ЛА лејкерс (Запад) и Милвоки бакс (Исток).

Треба да знаете
Последни објави