Search

Л.А. Клиперс го затвори својот тренинг центар поради позитивен тест за коронавирус

Л.А. Клиперс го затвори својот тренинг центар откако беше пронајден позитивен тест за коронавирус во тимот. Тимот од Калифорнија преземаат мерки на претпазливост, бидејќи тимот треба да отпатува за Орландо во среда следната недела за да се подготви за рестартирање на сезоната во НБА кон крајот на јули. Според „ЕСПН”, можно е спортскиот објект повторно да биде отворен по дезинфекција.

Денвер Нагетс и Бруклин Нетс, исто така, ги затворија своите центри минатата недела, бидејќи позитивни на КОВИД-19 беа пронајдени во двата клуба.

Секој од 22-те тима кои ќе учествуваат во плеј-офот во Орландо, ќе се потпираат на група до 35 играчи и персоналот за поддршка кои ќе бидат изолирани од надворешниот свет.

Сезоната во НБА лигата ќе продолжи на 30 јули.

Треба да знаете
Последни објави