Search

ЛШ: Реал го доби дербито со Интер, Аталанта го шокираше Ливерпул (ВИДЕО)

Реал (М) се враќа со голема победа од гостувањето во Милано против Интер која ги враќа со големи шанси за место во нокаут-фазата од најквалитетното натпреварување. Гостите поведоа по само 6 минути игра со голот на Азар од пенал, а во вториот дел ја искористија и играчката предност по исклучувањето на Видал, за во 59. минута Родриго да погоди за предност и победа од 2:0.

На второто дерби вечерва, Аталанта направија сензација на „Енфилд“. Англискиот шампион кој почна со мобиниран тим, на крајот загуби без постигнат гол – 0:2. Гостите поведоа со голот на Иличиќ во 60. минута, а само 4 минути подоцна Госенс ги донесе и до предност од 2:0. Ливерпул до крајот презеде иницијатива, но не успеа да се врати за победа.

https://streamable.com/erxtoj

https://streamable.com/1r0fll

https://streamable.com/afsgg9

Треба да знаете
Последни објави