Search

ЛШ: Познати сите осминафиналисти, стартува ВАР

Со одигрувањето на натпреварите од последното коло во групната фаза од синоќа се познати сите учесници во осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони.

Место меѓу 16-те најдобри изборија: Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Барселона, Тотенхем, ПСЖ, Ливерпул, Порто, Шалке, Баерн Минхен, Ајакс, Манчестер Сити, Лион, Реал Мадрид, Рома, Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Новина од оваа сезона е тоа што од осминафиналето ќе биде воведена видео-технологијата (ВАР) за помош на судиите при спорни ситуации.

Жрепката за елиминациската рунда ќе биде извршена во понеделник.

На евро-сцената како учесници во Лига Европа продолжуваат третопласираните од секоја група. Тоа се: Клуб Бриж, Интер, Наполи, Галатасарај, Бенфика, Шахтјор, Викторија Плзењ и Валенсија.

Треба да знаете
Последни објави