Search

ЛШ: Баерн победи во Москва, Интер ремизираше во Киев

Европскиот клупски шампион Баерн (Минхен) ја оствари 13-тата последователна победа во Лигата на шампионите и втора во групата „А”, откако со 2:1 победи како гостин во Локомотив (Москва).

Баварците рано поведоа по голот на Леон Горетцка во 13-тата минута, а потоа ја погодија гредата и промашија уште една чиста позиција.

Во поголемиот дел од второто полувреме, сепак тимот на Ханси Фликс играше опуштено и „железничарите” го искористија ова и израмнија во 70-тата минута, по што имаа две шанси дури и да го свртат целосно резултатот.

Сепак, Баерн успеа да постигнеуспех и да ја продолжи серијата победи по убавиот погодок на Џошуа Кимих на 20 минути пред крајот.

Интер пак запиша второ последователно реми во групната фаза од Лигата на шампионите. „Нероазурите” одиграа 0: 0 на гостувањето во Киев кај Шахтјор и нивната ситуација во групата изгледа прилично комплицирана, со оглед на тоа што ќе имаат два меча со Реал Мадрид.

Екипата на Антонио Конте доминираше во текот на целиот натпревар, а поголема предност имаа во првото полувреме.

Сепак, Италијанците не ги реализираа своите позиции. Лукаку и Барела погодија греда, а по паузата Лаутаро Мартинез направи големо промашување.

Треба да знаете
Последни објави