Search

Лу ќе ги предводи Клиперс

Американскиот кошаркарски стручњак, Тајрон Лу ќе биде новиот тренер на НБА-лигашот ЛА Клиперс. Четириесет и тригодишниот Лу ќе потпише петгодишен договор, објавија американските медиуми.

Минатата сезона тој беше помошник тренер во НБА тимот.

Во септември раководството на Клиперс му додели отказ на Док Риверс, кој беше во тимот од 2013 година. Под негово водство, тимот никогаш не стигна до финалето на Западната конференција. Клиперси беа елиминирани во второто коло од плејофот оваа година.

Тајрон Лу беше на чело на Кливленд од 2016 до 2018 година. Под негово водство, Кавалирс станаа НБА шампиони во 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави