Search

„Луфтханза” ја намалува флотата, а „Германвингс” привремено се затвора

– Најголемиот германски авиопревозник „Луфтханза” ја намалува својата флота, бидејќи пандемијата од Ковид-19 и натаму го нагризува неговото работење.

Германскиот национален авио-превозник, исто така, привремено ќе го прекине работењето на својата нискотарифна филијала „Германвингс” , заради падот на побарувачката на патниците, пренесе „Раша тудеј”.

Компанијата очекува периодот на „значителен пад” на авио-патувањата да трае долго откако ќе заврши кризата со коронавирусот , се наведува во соопштението на „Луфтханза”.

Овој потег, според толкувањето на „РТ” изгледа како „ прво трајно намалување на капцитетите” на „Луфтханза”, што вклучува расходување на повеќе десетици нејзини авиони, меѓу кои и шест летала „Ербас А380″, што се најголемиот патнички авион на светот, со капацитет меѓу 525 и 853 патници.

Предвидувањата се дека подоцна од употреба ќе бидат повлечени и други авиони на „Луфтханза”.

Треба да знаете
Последни објави