Search

Луси Мартин е родена без десна рака и е водителка на временска прогноза

Луси Мартин (26), водителката на временска прогноза на „Би-би-си“ од 2015 година, е родена без десна рака. „Би-би-си“ оваа година покрена иницијатива со која на луѓето со попреченост им дава можност да работат во медиумите, а се што бараат се страст и време за животната средина. Ова е еден од начините на кој јавната служба ја поддржува различноста.

„Отсекогаш сакав да бидам водителка, но тоа ми се чинеше како една од оние работи што сите ја сакаат”, изјави Луси за магазинот „Енабл“.

Луси се пријави на оглас што не бараше претходни квалификации и тоа беше фантастична можност да учи за медиумите од вистински професионалци. Таа беше една од илјадниците апликанти за работа, кои добија место во програмата. Нејзиниот успех е дел од нејзината напорна работа и труд, а не од нејзината инвалидност.

Дипломирала географија на Универзитетот во Дурам. Љубовта кон географијата и оваа професија беа причините зошто таа не дозволи нејзиниот недостаток да ја спречи на патот кон нејзината кариера, што беше премногу лесно поради конкурентната природа на медиумите.

За помалку од една година, таа беше номинирана за различни награди и се претстави на националните канали. Луси е ѕвезда во подем и пример за тоа како некој со физички недостаток може да постигне исто како и секој друг.

„Добивам многу убави пораки и писма од луѓе и деца со ист недостаток, кои се трогнати што гледаат некој во медиумите кој изгледа како нив, а исто така и луѓето без попреченост ме поддржуваат“ кажа Луси.

Позитивните повратни информации покажуваат дека се менуваат ставовите на јавноста кон инвалидитетот. Луси Мартин е вистинско охрабрување и инспирација за оние кои сметаат дека нивниот недостаток ги спречува да ги остварат своите желби.

Треба да знаете
Последни објави