Search

Лук Волтон на чело на Сакраменто Кингс

Лук Волтон, кој беше отпуштен од Лос Анџелес Лејкерс, брзо си најде на нова работа, објави „ЕСПН”.

Триесет и девет годишниот стратег ќе застане на чело на Сакраменто Кингс, а официјалното соопштение на клубот се очекува во следниве денови.

Волтон веќе остварил разговори со генералниот менаџер на „кралевите”, Владе Дивац и тие постигнале договор за соработка, која ќе биде до летото 2023 година.

Во последните три сезони, Лук Волтон беше на чело на Лејкерс, но не успеа да го одведе тимот во плејофот дури и по пристигнувањето на Леброн Џејмс во летото минатата година.

Треба да знаете
Последни објави