Search

Луксембург прва земја во светот со бесплатен превоз

Владата на Луксембург планира од следното лето да го укине плаќањето на превоз во возовите, трамваите и автобусите и со тоа да стане прва земја во светот со бесплатен превоз.

Одлуката ја донесе повторно избраната коалициска влада предводена од Хавиер Бетел, на која приоритет и е животната средина.

Освен бесплатниот превоз ширум земјата, Владата планира да го легализира канабисот и да воведе два нови државни празника.

Ова лето луксембуршките власти воведоа бесплатен јавен превоз за секое дете и сите лица помлади од 20 години, а учениците од средните училишта имаат бесплатно возење од училиште до дома.

Лицата кои работат во градот плаќаат две евра за два часа возење со јавен превоз. Тие два часа ги опфаќаат речиси сите локации во земјата, имајќи предвид дека нејзината површина изнесува 2.590 метри квадратни.

Треба да знаете
Последни објави