Search

Лукот топи маснотии и помага во слабеењето

Лукот го знаеме како здрава храна што е задолжителен додаток во кујната и како природен лек за зајакнување на имунитетот, но исто така е ефикасен во топењето маснотии и помага за детоксификација на организмот

Истражувањата покажале дека лукот може да биде ефикасен во процесот на слабеење и неизбежна состојка на здравата исхрана. Лукот изобилува со витамини Б6 и Ц, како и со растителни влакна и калциум, поради што игра клучна улога во контролата на телесната тежина.

Резултатите од истражувањето објавени во списание покажуваат дека лукот е поврзан со согорување на маснотиите, благодарение на соединението алицин што се состои во лукот.

Експертите препорачуваат секој ден да јадете лук за ефикасно слабеење. Лукот е природен диуретик и го зголемува создавањето урина во организмот, што помага во детоксикација, губење масти и исфрлање на штетните материи.

Посебно е корисно наутро да јадете свеж лук со вода. Може во топла вода да додадете сок од лимон и лук и тоа веднаш да го испиете.

Исто така е познато дека лукот го намалува апетитот и го одржува чуството на ситост, што значи дека спречува прејадување. Подобрениот имунитет веднаш ќе се одрази на брзината на метаболизмот, а тоа значи горење калории.

Ако ви смета мирисот на лукот или не сакате да го џвакате, можете да го голтнете цел, како пилула.

Треба да знаете
Последни објави