Search

Лука: Србија знае каде се наоѓа секое исчезнато лице од Косово

Координаторот за исчезнати лица во Владата на Косово, Јахја Лука ја обвини Србија дека не го почитува договорот што самата го потпиша за расветлување на судбината на исчезнатите од војната во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лука за ТВ Дукаѓини изјави дека официјален „Белград постојано глуми дека е подготвен да придонесе за расветлување на судбината на исчезнатите, но не презема ништо во тој правец”.

– Србија знае каде се наоѓа секој наш исчезнат човек, бидејќи нејзината војска и полиција ниту едно злосторство не извршиле без претходен план. Нивниот план бил да се извршат злосторствата и потоа да се уништат доказите и да се сокријат, изјави Лука.

Тој информира дека пролетва се извршени ископувања на неколку локации за кои постоеле претпоставки дека се масовни гробници, но немало конкретни резултати.

– Ние добивме извештај од ОН за едно теренско испитување со радар кој направил снимки на неколку локации во Косово и Србија. Тие резултати сега ги имаме и од нив се гледаат аномалии на неколку места. Извршивме ископувања на две места во Кишница, но немавме резултати, затоа што радарот покажува само аномалии на слоевите на земјата, но не може да утврди дали станува збор за масовни гробници, изјави Лука.

Треба да знаете
Последни објави