Search

Лукашенко тврди дека бил намерно заразен со Ковид-19

Неколку дена по загадочната објава дека се бори против Ковид-19 без да ја напушти функцијата, белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави за украински новинар дека некој намерно го заразил со вирусот, пренесува РТ.

Необичното тврдење се појави во 2,5-часовното интервју што Лукашенко му го даде на популарниот украински новинар Дмитриј Гордон.

„ Веруваме дека некој намерно ме заразил со коронавирусот. Сега анализирам кога можело да се случи тоа,“ рече Лукашенко и додаде дека засега нема да ги именува јавно неговите сомнежи.

Лукашенко откри дека ги игнорирал молбите на лекарите да се подложат на третман кога биле откриени знаци на коронавирус на неговите прегледи и продолжил со вообичаените активности. Тој тврди дека лекарите го вратиле на нозе за само четири дена.

Лукашенко претходно изјави за медиумите дека имал асимптоматски случај на Ковид-19 и успешно закрепнал.

Во истото интервју, претседателот драматично рече „тие може да ме убијат, но јас никогаш нема да избегам [од Белорусија]“.

Лукашенко во моментов се бори за шестиот мандат како претседател во услови на домашни превирања. Двајца од опозициските фигури му беа противкандидати во моментов се наоѓаат во затвор, а трет избегал од земјата тврдејќи дека стравува за својата слобода. Белорусија посведочи и на најголемиот антивладин протест во последната деценија пред гласањето закажано за в недела.

Долгогодишниот претседател во повеќе наврати тврдеше дека неговите противници спроведуваат план да го соборат на сила со поддршка од странска моќ. Наративот неодамна беше засилен со апсење на луѓе за кои белоруските власти тврдат дека се „руски платеници“, а чија задача била да ја дестабилизираат нацијата пред изборите. Апсењето е едно од неколкуте сериозни точки во односите Москва- Минск во моментот.

Треба да знаете
Последни објави