Search

Лукашенко: Односите меѓу Москва и Минск ќе се развиваат динамично

Односите меѓу Минск и Москва и понатаму ќе се развиваат динамично, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

– Цврсто верувам дека белоруско-руските односи ќе продолжат драматично да се развиваат. Тоа го сакаат нашите братски народи, истакна Лукашенко на пленарната седница на Седмиот Форум на руски и белоруски региони.

Според него, владите на двете земји успеале да најдат компромис околу прашањето за снабдување со нафта, изградба на белоруска нуклеарна електрана и условите за владино кредитирање.

– Меѓутоа многу проблеми допрва треба да се решат, изјави Лукашенко, додавајќи дека еден од нив е создавање еднакви услови за белоруските и руските економски субјекти. 

Треба да знаете
Последни објави