Search

Лукашенко: Белорусија се принудува на интеграција со Русија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави денеска дека неговата земја се „принудува на интеграција” со Русија и порача дека вистинска интеграција на економиите на двете земји значи „суверенитет и независност” на Белорусија.

– Остануваме посветени, како и секогаш, кон вистинска интеграција без принудување на интеграција, рече Лукасенко на состанокот со претседателот на Евроазиската економска комисија Михаил Мијашнович.

Лукашенко додаде дека Белорусија иницирала „вистинската интеграција” на двете поранешни членки на Советскиот Сојуз во 90-тите години, кога беше на власт Борис Елцин, со зачувување на „суверенитетот и независноста”.

– Во тоа време, ние не зборувавме за губење на нечија сувереност и независност. Со сите тогашни потешкотии, успеавме да најдеме решенија за компликуваните прашања, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави