Search

Лукаревска со жителите на Шуто Оризари: На 15 јули вие одлучувате, гласајте заедно да ја обезбедиме иднината, да продолжиме по исправниот пат, гласајте за сигурност наместо за опасност

Излезете и гласајте затоа што вашата иднина, иднината на вашите најблиски зависи од вас, вие одлучувате, гласајте за сигурност наместо за опасност, рече носителката на изборна листа во ИЕ2 Сања Лукаревска на средбите со жителите на Шуто Оризари.
Лукаревска беше во посета и на кампот во Визбегово каде што се сместени 17 ромски семејства кои беа заборавени од државата, оставени да живеат под скопското Кале. Сега, сите овие семејства имаат лични карти, нивниот идентитет е во системот на државата со што го стекнаа и правото да примаат социјална помош, а голем дел од нив се и корисници на платежните картички за купувај домашно. Шестмина се веќе вработени, а 22 деца се вклучени во образовниот процес.
Градиме комунална инфраструктура во сите населени места каде што живеат  Роми, ја подобруваме и социјалната инфраструктура. Заедно ќе го решаваме и најгорливото прашање за ромската заедница, вработувањето, заедно ја подобруваме положбата на жената, социјална и економска сигурност, квалитетна здравствена заштита. Во следниот мандат на 40% од извршните функции носители ќе бидат жени. Градиме едно општество за сите. На 15 јули гласајте и заокружете го бројот 3, ќе продолжиме напред само ако Ти така одлучиш и ако излезеш на твоето гласачко место кое ќе биде целосно безбедно.
Треба да знаете
Последни објави