Search

Лукаревска со граѓаните во Старо Нагоричане: Парите ги враќаме кај граѓаните и ги вложуваме во корисни проекти за подобрување на условите за живеење за сите

Знаеме дека граѓаните сакаат решенија, а СДСМ има јасна визија како да го продолжи патот на позитивни промени, затоа што направивме многу, а знаеме и можеме и повеќе и подобро. Довербата се гради и се негува, таква е политиката на СДСМ, отворено и одговорно со сите. Заедно работиме и ја градиме нашата иднина на еднкви граѓани, без национализми и поделби по било  која основа, со взаемно почитување и со работа. Парите ги враќаме кај граѓаните преку корисни проекти за подобрување на  условите за живеење за сите, тоа е програмската определба на СДСМ и во следниот мандат, рече Сања Лукаревска, носител на изборна листа во ИЕ 2, на средбата со граѓаните во Старо Нагоричане.
-Преку директен поврат, на сметките на над 300 000 граѓани,  се вратени над 10 милиони евра.  И одиме понатаму, го зголемуваме лимитот на поврат од МОЈ ДДВ од 600 на 800 денари месечно, или на 9 600 денари годишно. Со позитивна мерка ја намалуваме сивата економија за да има повеќе пари во  Буџетот за нови училишта, за детски градинки, за патишта, за водоводи, за се она што навистина им е потребно на граѓаните. Со домаќинско работење ќе има и повисоки плати, повисоки пензии, подобри услуги, поддршка на земјоделците, на младите луѓе. Уште повеќе ја зголемуваме поддршката за земјоделството и  руралниот развој, со 200 милиони евра на годишно ниво. Се грижиме за младите преку субвенционирана плата за секој нововработен во земјоделско стопанство помлад од 25 години, ја зголемуваме и поддршката за млад земјоделец од 10.000  на 20.000 евра, рече Лукаревска.
Треба да знаете
Последни објави