Search

Лукаревска: Нудиме повисоки плати и пензии, граѓаните сакаат прогрес, а не национализам

Носителката на ИЕ 2, Сања Лукаревска, при посетата на општина Липково, рече дека е горда што е носителка токму на ИЕ2, бидејќи таа е достоинствен репрезент и пример за разноликост, за соживот и за заедништво.
 „Без разлика на кој етникум и вера припаѓаме, сите имаме исти потреби и исти или слични проблеми.
Изминатите три години направивме многу! Ја внесовме државата во НАТО, на пат сме да станеме членка на ЕУ!
Но, ги покачивме и платите и пензиите, ја покачивме и социјалната помош за дури 300 %.
На граѓаните им е доста од националистичка реторика. Тие сакаат решенија за реалните проблеми”, рече Лукаревска.
Лукаревска кажа дека и по 15 јули, ќе се продолжи по исправниот пар.
„ Ќе продолжиме да ги враќаме парите назад кај граѓаните!
Платите и пензиите ќе продолжат да растат.
Минималната плата ќе ја зголемиме на 20.000 денари, додека просечната плата ќе расте до  34. 000 денари. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21 %.
Обезбедуваме достоинствен живот за сите наши граѓани, рече Лукаревска.
Треба да знаете
Последни објави