Search

Лукаревска на Отворено 24: Приоритет за СДСМ е здравјето на граѓаните, нашата понуда за просперитет и иднина и сигурноста дека изборите ќе бидат безбедни се причина граѓаните да излезат да гласаат

Справувањето со кризата предизвикана од коронавирусот покажа дека сите надлежни институции, министерството за здравство, здравствените работници беа на ниво на задачата, рече Сања Лукаревска, носителка на ИЕ 2 во тандем со Оливе Спасовски.
“Колку ние ќе успееме како политички партии со нашата програма со нашата идеја да ги привлечеме да гласаат граѓаните, толку поуспешни ќе бидат изборите и посигурен ќе биде резултатот. Очекувам доволна излезност . Ако можат граѓаните да дојдат на средби да дојдат на штандовите, сметам дека не е проблем и да се гласа.  Сметам дека целиот процес е добро смислен. Денот на гласањето е продолжен, има и два дена претходно за гласање и мислам дека тоа прави гласачите се почувствуваат сигурни во гласањето”, рече Лукаревска.
Лукаревска рече дека СДСМ ке води максимално безбедна кампања за сите граѓани, но и на активистите и сите уесници во изборниот процес.

 

Треба да знаете
Последни објави