Search

Лукаревска во општина Бутел: Социјалдемократскиот сојуз не копа ровови, гради мостови, патишта, врски меѓу луѓето

Нашиот фокус го насочуваме кон изградба на нови 500 километри водовод и канализација, за што ќе обезбедиме 100 милиони евра за сите општини.  Ако не се расфрлаа и трошеа парите на граѓаните како да се туѓи, веројатно  Индустриската зона „Визбегово” во општина Бутел немаше толку  да чека  на водовод и канализација . Со поддршка на Владата, сега е завршена изградбата на водоводната мрежа во должина од 7,3 километри, а во завршна фаза е изградбата и на канализационата мрежа. Се создаваат подобри  услови за работа на постоечките компании, а се поттикнува интересот и кај други домашни и странски инвеститори, рече носителката на изборна листа во ИЕ 2, Сања Лукаревска.
Социјалдемократскиот сојуз не копа ровови, гради мостови, патишта, ги поврзува луѓето. Ќе изградиме нови 950 километри локални патишта. Инвестициите во инфраструктурата, во патиштата, се инвестиции во подобра поврзаност, инвестиции во развојот, инвестиции во нова, развојна македонска економија.  Кога има просперитет, кога има добар живот за сите, нема место за омраза и за национализам. Затоа ќе продолжиме со уште поголемо темпо, сите заедно.
Лукаревска најави и изградба на нови 777 станбени единици на социјални станови во 12 општини, меѓу кои и во општина Бутел.
Треба да знаете
Последни објави