Search

Лукаку сака да го напушти Манчестер Јунајтед поради Мурињо

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Ромелу Лукаку се придружи на своите соиграчи Пол Погба и Алексис Санчез во незадоволството кон менаџерот на тимот, Жозе Мурињо, пишува „Сан”.
Според изданието, белгискиот репрезентативец е незадоволен од последните натпревари, во кои го загуби местото во стартниот состав и сè почесто останува на резервната клупа.
Дваесет и пет-годишниот играч, кој пристигна на „Олд Трафорд” за сума од 75 милиони фунти минатото лето, тешко ќе биде продаден во јануари поради долгорочниот договор, кој истекува во 2022 година. Негов агент сепак е Мино Раиола, кој го претставува и Погба, кој постојано е поврзуван за излезен трансфер.
Треба да знаете
Последни објави