Search

Лукаку може да го замени Агуеро во Манчестер сити

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, може да се врати во Премиер лигата. Според „Телеграф”, Манчестер сити го гледа Белгиецот како замена за напаѓачот Серхио Агуеро.

Триесет и двегодишниот Аргентинец следното лето ќе го заврши договорот со англискиот клуб. Оваа сезона тој постигна еден гол на четири натпревари.

Од друга страна, 27-годишниот Лукаку игра во клубот од Милано од 2019 година. Оваа сезона тој постигна девет голови и направи две асистенции на 10 натпревари.

За потсетување, претходно Лукаку веќе играше во Англија за Челси, Вест Бромвич, Евертон и Манчестер јунајтед. Тој во кариерата има 113 погодоци на 252 настапи во Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави