Search

Луис Арсе, поддржувачот на Моралес, победи на претседателските избори во Боливија

Луис Арсе, поранешен министер за економија на Боливија и приврзаник на поранешниот претседател Ево Моралес, води на претседателските избори и се чини дека собра доволно гласови за победа во првиот круг, покажуваат податоците на излезните анкети објавени денеска од телевизискиот канал „Унител“.

Според овие податоци, за Арсе гласале околу 52,4 отсто од гласачите, додека за Карлос Меса гласале 31,5 отсто.

Поранешниот претседател Моралес веќе го прогласи Арсе за победник.

„Сите познати податоци во моментов укажуваат на победа на Движењето за социјализам“, рече тој на прес-конференцијата во Буенос Аирес.

Претходно, Врховниот изборен суд соопшти дека официјалните резултати ќе бидат достапни најрано денеска во текот на денот и ги повика луѓето да бидат трпеливи сè додека не заврши пребројувањето на гласовите.

Треба да знаете
Последни објави