Search

Лузер Фест во МКЦ

Пред големата финална прослава, вечерва е и поледниот настан од офф-програмата на Таксират 20, најдругарскиот Лузер Фест кој го става акцентот на најновите домашни имиња кои допрва ќе ја освојуваат музичката сцена. Во МКЦ како финалисти на овој настан ќе настапат Halfgod од Кичево, Reinconnected од Охрид, Дактили од Струмица и скопските Fiction, Thyme и Iyah. Специјални гости со настап за промоција на нивниот албум-првенец се ланските победници Conspiracy! Билетите со симболична цена од 100 денари се достапни само на билетарница МКЦ, а истите воедно се и гласачко ливче со кои публиката заедно со гласовите од жирито ќе го одбере новиот победник на Лузер Фест.

Одбележувањето на 20-тиот јубилеј започна со концерт на Kraftwerk во февруари, потоа ги видовме Laibach, Gogol Bordello, Manu Caho, Inner Circle, Akua Naru, Peter Bence, Lord Of The Dance во Скопје и само во изминативе 7 дена повеќе од 30 концертни настапи во официјалната програма која започна со ПИН музичката конференција и тоа со најуспешното издание досега на кое Скопје беше местото за поврзување на  европската музичка индустрија. И веќе имаме концерти кои со сигурност се запишуваат во мемоарите на музичките вљубеници, но и на култните изведувачи, како историски моменти, а меѓу нив д-р Неле Карајлиќ, Страјк, Киборг, At the gates, Рамбо Амадеуссо дури два распродадени настапи и последниот во низата, вчерашниот феноменален настап на Киборг.

Треба да знаете
Последни објави