Search

Луд пресврт на Сити, три гола за пет минута за одбрана за титулата

Манчестер сити ја освои титулата во англиската Премиерлига, и тоа со неверојатен пресврт на „Итихад“ од 3-2 против Астон вила, иако Ливерпул славеше пред домашната публика со 3-1.

Астон вила долго време беше блиску до победа на „Итихад“ откако првиот гол го постигна Кеш во 37. минута од натпреварот, а тоа ги шокираше „граѓаните“ кои не беа во позиција да ризикуваат поради тоа што Ливерпул имаше шанси да стигне до титулата.

Пеп Гвардиола направи три измени во вториот дел, по што падна вториот гол во мрежата на Едерсон, а тоа беше дело на Кутињо (2-0) во 68. минута по што тимот од Манчестер конечно почна да се буди.

За само пет минути од 76. до 81. минута „граѓаните“ направија пресврт благодарение на двата гола на Гундоган и еден на Родри (3-2).

Вулверхемптон водеше со 1-0 против Ливерпул уште од третата минута со голот на Нето, но Мане ја врати неизвесноста во мечот и надежта кај неговиот тим дека може да ја освои титулата.

Ливерпул долго време се мачеше да го скрши отпорот на гостите, а тоа им успеа дури во 84. минута, кога гол постигна Салах, а потоа и Робертсон, но тоа беше залудно затоа што веќе „граѓаните“ успеаа да слават со 3-2.

За Манчестер Сити ова е осма титула во историјата, а Ливерпул не успеа да стигне до јубилејната 20-та. На табелата Сити е прв со 93 бода, Ливерпул втор со 92 бода.

Во Лигата на шампиони следната сезона ќе играат Манчестер сити, Ливерпул, Челси и Тотнем, доека во Лига Европа ќе настапат Арсенал и Манчестер јунајтед, додека Вест хем обезбеди учество во Конференциската лига.

Од Премиерлигата ќе испаднат и Норич, Вотфорд и Барнли, откако Лидс со победа во последното коло си обезбеди опстанок.

Останати резултати:

Арсенал – Евертон 5-1
Брентфорд – Лидс 1-2
Брајтон – Вест хем 3-1
Барнли – Њукасл 1-2
Челси – Вотфорд 2-1
Кристал Палас – Манчестер јунајтед 1-0
Лестер – Саутемптон 4-1
Норич – Тотнем 0-5

Треба да знаете
Последни објави