Search

Лошата здравствена состојба и го продолжи престојот на Јанева во болница

Здравствената состојба на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за која има мерка притвор во истражното одделение на затворот „Шутка“ се уште се наоѓа во лоша здравствена состојба, поради што и е продолжен престојот во привантната болницата „Жан Митрев“. На Јанева треба да и бидат направени дополнителни испитувања соопштија адвокатите на притворената поранешна шефица на СЈО.

Поранешната специјална обвинителка е обвинета за злоупотреба на службената положба. Нејзината колешка за организиран криминал  од ЈО, Вилма Русковска ја товари дека како награда добила не само мебел од 5.000 евра, туку и 50 илјади евра, за да го извади од притворот во „Шутка“ осомничениот бизнисмен Орце Камчев од  случајот „Империја“. Камчев доби домашен притвор, а потоа и времен пасош.

Поради лошата здравствена состојба во која се наоѓа Јанева, нејзините адвокати ќе побараат затворскиот притвор да и биде заменет со куќен. Адвокатите на Јанева поднесоа жалба и гаранција дека нема да бега со залог на три стана, за да се брани од слобода.

Тимот на Јанева оваа одлука ја очекува во текот на следната недела.

Треба да знаете
Последни објави