Search

Лос Анџелес ќе ја исклучува струјата и водата во домовите каде се прават големи забави 

Властите на Лос Анџелес ќе започнат со исклучување на снабдувањето со струја и вода во домовите каде за време на пандемија се оддржуваат забави во кои учествуваат голем број луѓе, ова денеска го изјави градоначалникот на градот Ерик Гарсети

Гарсети истакна дека наредба од ваков тип е веќе одобрена во одделот за водни ресурси и енергеткика на градот и додаде дека мерката ќе важи од 7 август, со оглед на зголемениот број случаи на инфекции од коронавирус.  

-Гледаме извештаи за масовни забави и собирања кои ги нарушуват издадените укази за време на пандемијата. Овие активности станаа своевидни ноќни клубови, кажа градоначалникот за да ги објасни акциите на градот. 

Во изминатите 24 часа во Лос Анџелес се регистрирани повеќе од 2.300 нови потврдени случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на ниво на градот сега е над 197.000 заразени. 

Треба да знаете
Последни објави