Search

Лори Мареј тајната ќерка на Клинт Иствуд

Дека нејзин татко е актерската легенда Клинт Иствуд, сега 64-годишната Лори Мареј дознала пред 30 години, кога тргнала во потрага по своите биолошки родители. Нејзината мајка ја дала на посвојување уште додека била бебе, а познатиот актер дури и не знаел дека постои.

Исто како да станува збор за сценарио за филмски хит, Лори Мареј успеа да стапи во контакт со познатиот 88-годишен добитник на Оскар, а сè потоа се одвиваше идеално – таткото и ќерката многу се зближија, заедно уживаат играјќи голф и често одат на семејни одмори.

Лори Мареј се појави со своите седум помлади браќа и сестри на премиерата на новиот филм на Клинт Иствуд, The Mule, во Лос Анџелес, а на насобранте фотографи, кога ја прашаа како да ја потпишат под фотографиите, им се претстави како Лори Иствуд. Иако се појавија шпекулации дека Лори сака, всушност, да ги искористи парите и славата на својот познат татко, тоа веднаш беше демантирано на најдобар можен начин – со фактот дека неговата најстара ќерка апсолутно ништо не сака да зборува за Клинт Иствуд и семејните врски. Таа го чува својот приватен живот од јавноста, па дури и жителите на градот Лејквуд, каде што живее со своето семејство, ја кријат оваа информација од медиумите. Сè што можам да кажам е дека тој е прекрасен татко на мојата мајка, но исто така и за мене и за нашето семејство“, коментираше Ловел Томас IV, внук на Иствуд.

Самата Лори е многу богата денес, но не поради нејзиниот татко, туку поради нејзиниот сопруг Ловел Томас III Мареј.Освен големиот имот во Лејквуд, тие поседуваат терен за голф во Калифорнија, но исто така и куќа на хавајскиот остров Мауи, каде што Клинт Иствуд и неговата поранешна сопруга Дина честопати се одмораа со семејството.

Треба да знаете
Последни објави