Search

Лори Лов: Шансите Асанж да добие фер судење во САД се рами на нула

Британскиот хакер Лори Лов, кој успешно се избори против американската екстрадиција од Велика Британија, вели дека шансите Џулијан Асанж да добие фер судење во САД се рамни на нула, пренесува РТ

Зборувајќи за сослушувањето за екстрадиција на Асанж во САД, кое беше одложено до февруари 2020 година, Лов рече дека Асанж се соочува со тешка битка за враќање на нарацијата што се шири во американската јавност.

Лов (34) се соочи со екстрадиција во САД за да му се суди за наводно хакирање на илјадници безбедни мрежи во Федералните резерви, НАСА и во ФБИ. Наредбата за екстрадиција беше поништена во 2018 година од министерот за правда на Велика Британија, бидејќи, според него, тоа нема да биде во интерес на правдата поради голем број причини, вклучувајќи го и високиот ризик дека Лов ќе се самоповреди.

Лов проценува дека шансите на Асанж успешно да го добие својот случај за екстрадиција се силни со оглед на огромната јавна поддршка што ја има во Велика Британија. Меѓутоа, ако Асанж ја загуби правната битка и биде испратен преку Атлантикот, Лов предупредува дека е малку веројатно дека тој ќе помине добро во американскиот правен систем.

„Шансите за фер судење во САД се рамни на нула; 97 отсто од обвинетите за федерално кривично дело воопшто не излегуваат на суд зашто ги принудуваат на вонсудска спогодба,“ тврди Лов.

Со оглед на веќе лошата здравствена состојба на Асанж, Лов е загрижен дека таа ќе се влоши во условите во центрите за притвор во САД, што значи дека губење на процеот за екстрадиција може да има сериозни последици.

„Мислам дека треба да победиме тука. Ако го екстрадираат, мислам дека тоа ќе заврши со трагедија. Не само за Џулијан како човечко суштество туку и за светот поради напуштањето на некој чие единствено дело е да ја зборува вистината пред власта “, додаде тој.

Лов рече дека верува оти еден од најтешките елементи со кои Асанж се соочува е затворање во нехумани услови во САД не поради вистинска правда, туку за да се испрати порака до другите луѓе дека вистината не треба да се кажува”.

Треба да знаете
Последни објави