Search

Лоренте и Регулион први заминуваат од Реал

Маркос Лоренте и Серџо Регуљон, се првите фудбалери кои ќе заминат од кралскиот клуб, пишува „Мундо депортиво”.

Тренерот Зинедин Зидан не ги гледа овие двајца играчи во неговите планови за следната сезона, па така се сретнал со нив и им ја соопштил веста дека во летниот преоден рок треба да најдат друга екипа.

Зидан веќе неколку дена најавува дека ќе прави големи промени во екипата, а во таа намера ја добил и поддршката на Флорентино Перес.

Инаку „Лос бланкос” оваа сезона беа 19 бодови зад нивниот ривал и шампион Барселона, а претходно беа елиминирани и од Лигата на шампиони и од Кралскиот куп.

Треба да знаете
Последни објави