Search

Лончар: Српските лекари и медицински сестри волонтери добиваат постојана работа

Лекарите, 563, кои досега волонтирале во здравствените установи или. и 734 медицински сестри ќе добијат постојана работа и ќе влезат во српскиот здравствен систем, изјави министерот за здравство Златибор Лончар.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Лончар за ТВ Прва изјави дека некои од нив веќе добиле договори во петок, а останатите ќе добијат договори во понеделник.

Во моментов, во Србија се потврдени 188 случаи на вирусот Ковид -19, 91 пациент се наоѓа на болничко лекување, додека останатите се на лекување во домашни услови.

Од пациентите кои се на болничко лекување, 14 се на респиратори, и тоа шест на Клиниката за инфективни болести во Белград, четири во Ниш, по двајца во Нови Сад и Крајевац.

Треба да знаете
Последни објави