Search

Лондон смета дека е речиси сигурно дека труењето на Навални го извршиле руските специјални служби

Британските власти сметаат дека е речиси сигурно дека труењето на Алексеј Навални го извршиле руските специјални служби. Тоа го изјави министерот за надворешни работи на Велика Британија Доминик Раб.

– Од гледна точка на Велика Британија, многу е тешко да се најде некое веродостојно објаснување дека тоа може да го направил некој друг, освен руските тајни служби, но секако руските власти имаат што да кажат за нивно оправдување, рече Раб во Вашингтон на прес-конференција со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

– Руските власти се должни да објаснат што се случи со Навални, рече Раб.

Германија тврди дека постојат докази дека Навални бил отруен со Новичок. Москва одговори дека лекарите не откриле траги од отров, но ова е во спротивност со првичниот наод на руските лекари дека станува збор за труење – дури и брзата помош открила симптоми дека пациентот е отруен.

Треба да знаете
Последни објави