Search

Лондон ги повлекува своите дипломати од Брисел

Британските дипломати ќе сe повлечат од институционалните структури на Европската Унија во Брисел во рок од неколку дена, според планот на Владата на премиерот Борис Џонсон, пишува „Гардијан“.

Во обид да се зајакне пораката дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ до 31 октомври, британските дипломати, како што се наведува, престанале да присуствуваат на секојдневните состаноци во Брисел.

Овој чекор е во согласност со првото обраќање на Џонсон во Долниот дом на парламентот, кога рече дека ќе ја ослободи британската дипломатија од евроспките работи.

Критичари сметаат дека симболичното овлекување ќе ја остави Британија без увид во одлуката на ЕУ што би можело да им штети на националните интереси.

Треба да знаете
Последни објави