Search

Лондонски блогер покажа колку лесно се лажат луѓето на социјалните мрежи

Лондонскиот блогер Бајрон Дентон на Инстаграм почна да објавува фотографии од неговиот навидум луксузен живот.

Приватни авиони, гламурозни забави, дизајнерска облека ги преплавија фотографиите на неговиот профил, но – сето тоа беше измислено. Бајрон одлучи да спроведе седумдневен социјален експеримент и да покаже колку е лесно да се лажат луѓето на социјалните мрежи и лажно да се прикажете.

https://www.instagram.com/p/BtWiPOFhmn7/?utm_source=ig_embed

Бајрон откри дека бил инспириран од јутјуберот Џорџ Мејсон, кој постирал лажни фотографии од седумдневен одмор на почетокот на годината.

Профилот на Бајрон во моментов ги следат речиси 70.000 луѓе, а фотографии во „приватен авион” има собрано 1.000 допаѓања за само седум секунди.

Тој тестираше и колку дизајнерските брендови влијаат на бројот на допаѓања, па на фотографијата што ја објави на крајот од декември доби 2.000 допаѓања, а кога на истата фотографија фотошопираше торба од Луј Витон доби 12.000 допаѓања 12.000.

https://www.instagram.com/p/BtO6bwnhcPq/?utm_source=ig_embed

Тој исто така лажно објавуваше платени спонзорства, па на патувањето во Мајами, кое сам си го плати, стави хаштагови да излезе божем спонзори му го платиле.

„Сето ова ме натера да прашам дали познатите блогери денес остваруваат успех со чесност или со лажно претставување?” праша тој на крајот.

Треба да знаете
Последни објави