Search

Лондонските аеродроми нарачаа воена опрема против дронови

Лондонските аеродроми „Гетвик“ и „Хитроу“ нарачале воена опрема за заштита од дронови вредна неколку милиони фунти, по неодамнешните инциденти кога токму поради дронови воздушниот сообраќај на „Гетвик“ беше во прекин во неколку наврати, објави „Тајмс“.

Министерот за транспорт, Крис Грејлинг, разговарал со челниците на полицијата, авијацијата и одбраната по однос на ова прашање, пишува весникот, додавајќи дека аеродромските власти не ги коментирале наводите.

Инцидентите со дронови што минатиот месец ги расипаа плановите за патување на неколку илјади луѓе на аеродромот „Гетвик“, уште еднаш укажаа на ранливоста на воздушниот сообраќај, констатира агенцијата „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави