Search

Лондонската полиција во костец со напаѓач што се заканува дека ќе убие луѓе

Лондонската полиција ги затворила улиците во Кројдон, Јужен Лондон, откако добила пријава дека едно лице ги малтретира локалните жители и се заканува дека ќе убива луѓе, пренесува „Спутник“ цитирајќи го информативниот портал „Мај Лондон“.

Вооружените полицајци сега се во костец со лицето вооружено со пиштол кое се наоѓа забарикадирано во црвен автомобил на една од улиците, опкружен од полицијата.

„Полицијата беше повикана во 8:32 часот изутрина по локално време од страна на еден човек кој изјави дека ќе убие луѓе. Полицајците се обидуваат мирно да ја решат ситуацијата”, се вели во изјавата на лондонската полиција.

Еден локален жител, кој ја видел полицијата како преговара со вооруженото лице, ја опишал сцената за „Мај Лондон“.

„Јас живеам во зградата од спротива и излегов во паркот преку улица со моето куче, а кога се враќав полицијата веќе беше затворила дел од улицата и ги враќаше луѓето назад. Прашав дали станува збор за бомба и ми рекоа дека не е бомба. Се појавија вооружени полицајци, а потоа и полицајци со куче. Можев да видам дека црвениот автомобил е опкружен со полициски возила и неколку вооружени полицајци. Забележав дека човекот ја отвори вратата на автомобилот неколку сантиметри, најверојатно за да разговара со полицијата”, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави