Search

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската индустрија.

Според новата наредба, која е одобрена од централната влада на предлог на владата на Ломбардија, сите трговски активности во целиот регион ќе престанат од 23 часот навечер до 5 часот наутро, освен неопходните, а големите трговски центри ќе останат затворени за време на викендот.

На граѓаните им се препорачува да излегуваат надвор само кога е потребно, а компаниите да ја потенцираат работата од дома.

Претседателот на регионот Ломбардија, Атилио Фонтана, ја донесе одлуката со целосна согласност од сите регионални политички субјекти, и на предлог на научниот и техничкиот комитет со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Според проценките на Комитетот, кој го анализираше забрзаното ширење на инфекција со коронавирус во последните неколку недели, до крајот на овој месец може да има 600 пациенти во единиците за интензивна нега во Ломбардија, а вкупно хоспитализирани и до 4.000.

Воведувањето на вакви строги ограничувачки мерки во најразвиениот индустриски регион на Италија, Ломбардија, вознемири многу граѓани, а јавноста претпоставува дека слични мерки, доколку не се запре брзото ширење на Ковид-19, ќе бидат воведени и во другите делови на Италија.

Треба да знаете
Последни објави