Search

„Локид Мартин” подготвен за производство на авионите Ф-16

Новата фабрика на компанијата „Локид Мартин” во Гринвил во американската сојузна држава Јужна Каролина, во која ќе се произведуваат борбени авиони од типот „Ф-16 блок 70″, е речиси завршена.

Фабриката наскоро ќе почне со производство на нови авиони за Бахреин, Словачка, Бугарија и други меѓународни клиенти, соопшти „Локид Мартин”.

„Ф-16 Блок 70″ има вградени технологии, дизајнирани за петтата генерација борбени авиони, како „Ф-35 Молња 2″ и „Ф-22″, кои истовремено се нискоризични и економично решение за потребите на националната безбедност.

Како што пренесува БГНЕС,„Локид Мартин” ја потврди својата заложба за обезбедување економски и индустриски бенефиции за Бугарија.

Според агенцијата, набавката на борбените авиони Ф-16 Блок 70 ќе донесе вистинска корист за Бугарија, како и поддршка на суверенитетот, споделување технологии и можности за локално вработување.

Треба да знаете
Последни објави