Search

Локвенец: Не само што најавивме економска година, туку тоа го докажуваме со бројки

Економската политика на Владата на СДСМ е потврдена и од меѓународната заедница, која за прв пат по 13 години  го  подигна рејтингот  од  ББ  на  ББ+,  изјави пратеникот на СДСМ Хари Локвенец на денешното гостување на емисијата Топ тема на Телма
Локвенец додаде дека, политиките креирани од владата на СДСМ, во насока на поддршка на инвестициите, продуктивноста на компаниите, намалување на невработеноста, се докази, поткрепени со аргументи за вистинската насока на економската политика на владата.
Не само што најавивме економска година, тоа го докажуваме со број и и параметри, кои се евидентни, нагласи Локвенец, додавајќи дека растот на БДП од проектираните 3,2 насто се искачи на 3,6 проценти, што е потврдено и од Светска банка.
Во врска со капиталните инвестиции, пратеникот на СДСМ Хари Локвенец рече дека многу важно прашање е дали капиталните инвестиции се користат за вложувања, кои создаваат дополнителна вредност за граѓаните или служат само за покажување на  форми и борјки.

 

Треба да знаете
Последни објави