Search

Локално: Мицкоски вежба во теретана за време на забрана за работа?!

До редакцијата на Локално стигнале фотографии и видео на кои се гледа како лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, излегува од теретана, додека во сила е забраната за работа поради ситуацијата со коронавирусот.

Самата теретана на предната врата имаат пуштено известување дека од 13 март петок нема да работат согласно мерките на Министерството за здравство.

Читателот тврди дека материјалите се направени во време на забрана за работа на теретаните, а на фотографиите може да се забележи снег кој наврна на 2 април во главниот град.

Извор: Локално

 

Треба да знаете
Последни објави