Search

Локалниот пат за село Ростуше утре затворен за сообраќај од 10 до 17 часот

Локалниот пат за село Ростуше утре во периодот од 10 до 17 часот ќе биде затворен за сообраќај поради асфалтирање.

-Асфалтирањето на патот, кој е од витално значење за сите граѓани на општина Маврово и Ростуше е во завршна фаза и доколку работите се одвиваат според зацртаната динамика целосно треба да заврши многу набрзо. Тој е во должина од над два километра, а со овој зафат се проширува на шест метри, наместо досегашните 3,5 до четири метри. Веќе е асфалтиран и центарот на Ростуше, кој сега доби нов лик, информираат од општина Маврово-Ростуше.

Проектот е финансиран од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во вкупна вредност од 18.594.783 денари.

Треба да знаете
Последни објави